Од здружението за промоција и развој „За Трпејца со љубов“, организатор на манифестацијата и годинава ветуваат богата програма исполнета со голем број настапи, концерти, изложби, промоции и спортски активности во следните осум денови.
Освен настапот на ансамблот „ Билјана“ кој ќе го промовира своето прво ЦД, вечерва , присутните ќе имаат можност да ја видат и изложбата на Мајкл Клос, академски сликар од македонско потекло кој живее и работи во Канада и кој во светски рамки е познат и како дизајнер и сценограф работејќи на филмови и телевизиска продукција.
Покровител на манифестацијата е општина Охрид, а е поддржана и од месната заедница на Трпејца.