Утре, во црквата „Свети Никола“ – Геракомија, со почеток во 9 часот, по повод првата недела од Велигденскиот пост, Недела на православието,  ќе се служи света архиерејска литургија.

Со литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високо-преосвештенство, митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Богослужби ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.

OhridNews