Традиционално и оваа година,  по повод големиот христијански празник Христово раѓање – Божик, учениците од Школата за веронаука при црквата Св. Ѓеорѓиј – Охрид, под раководство на предавачот Никица Мишева, изведоа Божикна претстава под наслов Бадниковата вечер на малиот продавач. Преку драмска игра, балет и музички точки, децата успешно се претставија пред публиката и на присутните им ги честитаа Божикните празници.


На овој начин, црквата Св. Ѓеорѓиј – Охрид, заедно со своите ученици, на сите православни христијани им го честита големиот празник Христово раѓање –  Божик со желби за добро здравје, љубов и спокојство.

ХРИСТОС СЕ РОДИ!

OhridNews