Во рамки на третата вечер од годинешните Струшки вечери на поезијата, вечерва со почеток во 21 часот во катедралната црква Света Софија ќе се  одржи Поетски портрет на добитникот на Златниот венец за 2011, на академик Матеја Матевски.

На полноќ, на истекот на реката Црн Дрим, ќе се одржи традиционалната Ноќ без интерпункција, на која е предвиден настап на млади поети и учесници од земјата и светот, по што ќе следи музичко поетска изведба.

OhridNews