2555 слободни места во 18 ученички домови во 14 градови, додека во пет ученички дома во Скопје се слободни вкупно 808 места информираат од Министерството за образование и наука во објавениот Конкурс за прием на ученици во јавните ученички домови во државава за учебната 2022/2023 година.
Во ученичкиот дом „Ванчо Питошески“ во Охрид има место за вкупно 125 ученици, се наведува во Конкурсот.
Учениците кои се пријавуваат на Конкурсот треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет-порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk или директно да поднесат хартиена пријава до ученичкиот дом.
Рокот за електронското пријавување на учениците кои се запишани во втора, трета и четврта година почнува од 24 јуни и ќе трае до 1 јули 2022, а за учениците кои се запишани во прва година електронското пријавување ќе биде од 1 јули до 8 јули 2022.
Во објавениот Конкурс се наведени условите за прием во јавните ученички домови, потребните документи и начинот и постапката за прием.
OhridNews












