Учениците од основните и средните училишта од Охрид кои втор ден протестираат против екстерното тестирање не издржаа. Наместо достоинствено да го искажат сопствениот револт, поединци искористувајќи ја незадоволната маса ги превртеа корпите за отпадици пред зградата на општината. Поради тоа сообраќајот на ул. „Димитар Влахов“ попладнево извесно време беше во прекин. Откако заврши изживувањето, службите за одржување на јавниата хигиена ги вратија бетонските корпи на место и ја исчистија улицата од нередот. Остана само лошиот впечаток од хулиганското однесување на дел од учениците.


во ученичките протести настрадаа корпите за отпадоци


наместо протест дивеење


јавна хигиена го средуваше нередот

Ohridnews