Во сефот од наплатниот пункт на „ЕВН – Македонија“ во трговски комплекс на Кеј „8-ми Ноември“ во Струга, што на 17-ти март вечерта го одзедоа крадци, имало 935.000 денари, или околу 15.200 евра, информира СВР Охрид.
„Сторителите со употреба на сила влегле во деловната просторија и одзеле сеф во кој, според кажување на одговорното лице, имало 935.000 денари, по што побегнале. Полициската станица од Струга презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот“ – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
OhridNews












