Украинскиот Парламент денеска изгласа закон со кој се дозволува заплена на имот на Русија или на руски државјани во Украина, поради руската инвазија врз Украина.

Според новиот Закон, украинската Влада ќе може да му предложи на Советот за безбедност кој имот да се конфискува, а откако Советот ќе даде согласност, имотот ќе премине во владеење на државата.

OhridNews