Мислам дека треба да го тераме овој процес за гласање со отпечаток од прст и да направиме некаде во јуни месец некоја проценка дали реално ќе стасаме, а во секој случај да го реализираме овој дел на законски измени, делот на набавка на софтвери и на опрема, делот на подготовка на системот, но мислам дека неопходно е да има пилотирање за да може да се стави во функција, за да сме сигурни дека на денот на изборите нема да ни се случи пет проценти или десет проценти да не можат да го остварат своето гласачко право заради проблеми со системот. Значи нашата цел е да имаме добар систем на којшто сите ќе му веруваат и никој нема да го оспорува, нагласи министерот за правда Бојан Маричиќ.

Значи имаме и нешто што е ставено во законот, одредба ставена во законот за ваков систем, меѓутоа сме виделе често дека одредбите не се доволни сами по себе, тие треба да се операционализираат. Работната група на ДИК заедно со Министерството за правда состави спецификација по извршени консултации со МВР. Состави детални норми поврзани со реалцизаија на оваа идеја за отпечаток со прст.

Тој, на прашањето дали базата на отпечатоци којашто ќе се користи како референтна за споредување ќе биде локално присутна на компијутери во гласачкото место или ќе треба интерент врска за да се поврзува, одговори дека смета оти секаде нема да може со интернет врска.
Мислам дека нема да може со интернет врска секаде, така што ќе мора да биде локално присутна базата, меѓутоа за таа база да се пренесе потребна е посебна процедура и посебен софтвер од МВР за која што е потребна набавка за да можат да го реализираат тоа. Бидејќи вака како што е сега не можат да направат трансфер на целата граѓанска база до ДИК. Без законска основа и без процедура за софтвер, рече Маричиќ.
Околу спроведувањето на пописот тој истакна дека е веќе отфрлено „неспроведувањето“ и оти пописот веќе започна за дијаспората и за определени категории на граѓани, а од 1 април ќе започне за сите.
Во однос на тоа што ќе се случи ако продолжи да расте трендот на новозаболени од Ковид-19, Маричиќ посочи дека ако тоа се случи ќе ја чекаат препораката од Комисијата за заразни болести и од Министерството за здравство.
OhridNews












