Во рамките на реализирањето на програмата за комунален развој, во текот на вчерашниот ден градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески во употреба ги пушти новоасфалтираните делови од улиците „Карпош Војвода“ и „АСНОМ “ .

„Присуствуваме на завршувањето на уште еден од нашите инфраструктурни зафати , што ги планиравме да ги реализираме пред почетокот на туристичката сезона. Го пуштаме во употреба новоасфалтираниот дел од улицата „ АСНОМ“ со површина од 1 800 м2.“ –  рече Бакрачески .

Во изминативе три месеци беше извршено стружење и асфалтирање на дел од улицата „Радојца Новичиќ“ на површина од 9 873 м2 , стружење, подготовка за нов водовод и атмосферска канализација и подготовка за асфалтирање на улицата „ Крум Точков“ на површина од 1594 м2, стружење и асфалтирање на дел од улицата „ Јане Сандански “ со површина од 1950 м2 и стружење и асфалтирање на дел од улицата „ Сирма Војвода “ на површина од 4 517 м2.

Исто така, деновиве привршуваат активностите на стружење, копање, тампонирање (со 200 м3 градежен материјал ) и подготовка за асфалтирање на дел од улицата „ Петрино“ на површина од 1 526 м2 и стружење, крпење на дупки и прекопи и подготовка за асфалтирање на дел од улицата „ Богомилска“ на површина од 1 753 м2.

OhridNews