Денеска во Куќата на Уранија во Охрид ќе се одржи научна трибина на тема „Перспективи на развојот на Република Македонија во посткризниот период”.

Свое излагање на трибината ќе имаат претседателот на МАНУ, Владо Камбовски, Георги Сарделов, Абдулменаф Беџети и Таки Фити.

Инаку, настанот се одржува во рамките на манифестацијата „Научна и Уметничка Визита“, која по трет патја организира Македонската академија на науките и уметностите.

OhridNews