Од министерството за внатрешни работи со повеќе детали околу вчерашната сообраќајна незгода што се случи околу 19.10 часот на магистралниот пат село Подмоље-Кичево.

Во незгодата учествувале патничко возило „Цитроен ксара“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 21-годишно лице од село Црвици, кичевско и мопед „АПН 4“ без регистарски ознаки, управуван од Г.Б.(40) село Мешеишта-општина Дебарца.

Од здобиените повреди на местото починал возачот на мопедот Г.Б., а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.

OhridNews