Од СВР Охрид со повеќе детали околу вчерашната сообраќајна незгода што се случи во 14.30 часот на локалниот пат во селото Брежани, општина Дебарца.
– Од здобиените повреди, на местото на настанот животот го загуби Мирко Ј. (58) од селото Велмеј. Тој на локалниот пат управувал возило-трактор кој во критичниот момент, се превртел при што од здобиените повреди, Мирко Ј. починал на местото на настанот, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Смртта е констатирана од екипа на Итната медицинска помош по што, на местото на настанот, извршен е увид во присуство на Јавен обвинител и полициски екипи од СВР Охрид.
OhridNews












