По повод 113 години од формирањето на  првата востаничка чета во охридско, синоќа во атарот на манастирот Света Петка – Велгошти, во организација на месниот комитет на ВМРО- ДПМНЕ, се одржа пригодна свеченост.

По положувањето на свежо цвеќе на спомен плочата од страна на делегацијата на општина Охрид предводена од претседателката на Советот, Гордана Коњаноска и секретарот Димитар Спасески, како и делегацијата на месниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, свое излагање имаше Вангелко Лозановски, професор по македонски јазик и литература.

Интересен историски податок е дека на самиот чин на создавањето на оваа славна чета присуствувал Христо Узунов, неговата мајка и игуменот Атанас Темјанов.

OhridNews