Во очи на празникот, традиционално и оваа година со полагање свежо цвеќе пред споменикот на Илинденците во селото Велгошти започна одбележувањето на Илинден . Пред споменикот се поклонија делегации на општина Охрид, политички партии, институции и поединци.

На свеченоста присуствуваше градоначалникот Никола Бакрачески кој на присутните им го честита овој светол и голем ден за македонската историја..

Прославата беше збогатена со богата културно-уметничка програма.

OhridNews