Од СВР Охрид со соопштение во врска со сообраќајната незгода што се случи на 22-ри септември, а во која тешко беше повреден велосипедист. Од СВР Охрид информираат дека во сообраќајната незгода што се случи во 10 часот и 35 минути, на крстосницата на булеварот „Туристичка“ со улицата „.Даме Груев“, учествувало патничко моторно возило марка „Шкода Јети“ сопственост на МВР на РМ, кое било управувано од 48-годишен полициски службеник вработен во СВР Охрид и велосипед марка „Рог – Пони“ управуван од 80-годишно лице од Охрид.
– Сообраќајната незгода е случена во момент кога возачот со полицискиот автомобил кој се движел по булеварот “Туристичка“ од улицата „Јане Сандански“ во правец кон булеварот „Македонски Просветители“, на критичното место со предниот дел од возилото се судрил во велосипедистот кој со движење преминувал преку коловозот од булеварот „Туристичка“ од левата према десната страна, гледано од правец на движење на полицискиот автомобил, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Во незгодата со тешки телесни повреди кои не се животно загрозувачки се здобил велосипедистот кој со возило на Итната помош е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ и задржан на понатамошно лекување.
На местото на сообраќајната незгода, извршен е увид предводен од Јавен Обвинител, овластено вешто лице, увидна екипа од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, главниот инспектор за сообракајни работи при СВР Охрид, помошникот началник на Одделение за полиција и полициски советник од Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди-одделение Охрид.
По наредба на Јавен Обвинител, во станицата за технички преглед АМД Охрид извршен е вонреден технички преглед на патничкото моторно возило „Шкода Јети“, а од учесниците во незгодата земена е крв и урина за анализа.
OhridNews












