За прв пат годинава, Денот на независноста на Македонија се прослави и во Токио. Прославата, организирана од страна на Виенската амбасада и македонскиот амбасадор Ѓорѓи Филипов, се одржа во Империал Хотелот во центарот на Токио.


Во рамки на прославата, во име на македонскиот амбасадор, се обрати преставникот за странски инвестици на РМ, Бојан Петровски, кој ги запозна присутните со значењето на Денот на независноста на Македонија. Јапонските гости од бизнис сферата изразија интерес за културата, туризмот и македонската индустрија.


Интересен момент од прославата беше кога гостите забележаа сличност помеѓу македонското и старото јапонско империал знаме.

Од Токио за OhridNews:
Адриан Битрак