Во Вевчани е отпочната граѓанска иницијатива за враќање на смртната казна за извршени тешки облици на кривични дела. Ова следува по неодамнешниот немил настан, во кој животот го загубија двајца жители на ова населено место, а уште двајца беа ранети.

Исто така, на синоќешната седница на Советот на општина Вевчани, на предлог на градоначалникот Цветмир Угриноски, едногласно беа донесени две одлуки, со кои им се оддава почит на жртвите од неодамнешниот немил настан.

Едната се однесува на именување на тениското игралиште со името „Мате Ѓурчески“, додека другата за именување на спортската сала со името „Владо Попески“.

Мате и Владо беа пример за генерациите. Со овој чекор Вевчани им се оддолжува, ова е признание за нивниот придонес во афирмацијата на Вевчани на спортски, културен и општествен план. Болката за нивната трагична и прерана смрт е голема и ненадомествлива. На овој начин Мате и Владо ќе останат запаметени од заедницата.“ – информира градоначалникот на општина Вевчани, Цветомир Угриноски.

OhridNews