Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски, утрово во вилата Билјана во Охрид оствари средба со НКВ принцезата од Србија Катерина, која беше придружувана од повеќе благороднички членови на друштвото “London Season”.

Принцезата и членовите на лондонското друштво во Охрид престојуваат од неделата во рамки на посетата на Македонија. Членовите на “London Season”  се заложија дека ќе лобираат за Македонија во високите аристократски кругови во Британија, а ќе ја помагаат земјава и по пат на донации во повеќе области.


принцезата Катерина

Инаку, покрај оваа, претседателот Црвенковски во Охрид оствари и средба со претседателот на светската адвокатска комора, Паоло Лин Есилва.