Во тек е тет-а-тет средбата помеѓу претседателот на ЕК, Баросо и македонскиот премиер Никола Груевски, по што ќе се одржи пленарна средба на делегациите. Централна тема на разговорите ќе биде европската перспектива на земјата, усогласување на законодавствата и реформите во критичните сектори, како и решавањето на спорот за името, кој се смета за најголема пречка на патот на Македонија кон ЕУ.
Пораката што од Брисел ја носи Баросо ќе биде соопштена на прес конференција во хотелот „Инекс Горица“, каде попладнево претседателот на ЕК, ќе одржи предавање на европските перспективи на Македонија. На агендата на Баросо уште се и средбите со лидерот на ДУИ, Али Ахмети и на СДСМ, Бранко Црвенковски, со што високата делегација на ЕУ официјално ќе ја заврши балканската турнеја.