Во вторник, 30 април, со почеток во 11 часот ќе се одржи втората седница на Советот на општина Охрид.

Меѓу 14 предвидени точки на дневен ред се и верификацијата на мандат на член на Советот, предлог решенијата за формирање статутарно правна комисија,  комисија  за верификација, избори и  именувања, комисии за финансии и буџет, за комунални дејности, за урбанизам, општествени дејности, туризам и локален економски развој,  заштита на животната средина, за месна самоуправа, за одбележување празници и манифестации и доделување на награди и признанија , комисија за еднакви можности меѓу мажите и жените и комисија за млади и спорт .

OhridNews