Американскиот милијардер обвинет за педофилија и искористување малолетници, Џефри Епстајн (66), извршил самоубиство во затвор, јавуваат американските медиуми. Епстајн кој беше обвинет и за трговија со луѓе во затвор беше од 6 јули. Тој тогаш ги отфрли сите обвиненија.

Епстајн пред две недели бил најден повреден во позиција на фетус во својата ќелија. Имал повреди на вратот, а надлежните се сомневаа на обид за самоубиство, по што тој бил ставен под засилен надзор. Затворските чувари утрово  по американско време го пронашле неговото безживотно тело.

Обвинителството на САД го товареше милијардерот со силни врски во врвот на американската политика за злоупотреба на најмалку 14 малолетни девојки. Наводно тој ги намамувал жртвите во својот дом во Њујорк и на Флорида каде им плаќал за сексуални услуги.

OhridNews