Како што информира директорката на Завод и музеј- Охрид под чија заштита е објектот, Тања Паскали- Бунташеска, градежните зафати се изведуваат врз основ на претходно изработениот проект од Завод и музеј- Охрид, а од нивна страна се врши и надзорот на активностите за санација и адаптација. Се очекува најдоцна до крајот на годинава градежните работи да завршат.
Митрополитот Дебарско- кичевски, г. Тимотеј за OhridNews изјави дека основната намена на објектот ќе биде административен центар на Епархијата, во кој ќе има канцеларија за владиката, епископска библиотека и простории за останати културни потреби на Епархијата.
Објектот, кој опфаќа простор од околу 300 метри квадратни, бил изграден во 1897 година и е заштитен како споменик на културата и влезен во заштитените објекти на УНЕСКО. Долг период во списите се водеше како Музеј на словенската писменост, поради поставката од 1985 година. До превземањето од страна на Дебарско- кичевската епархиија во февруари месец годинава, во објектот освен Музејот, се наоѓаа и канцелариите на Секретаријатот за заштита на Охридското Езеро при Министерството за животна средина.