Градежните работи за изградба на спортската сала при ОУ “Св. Наум Охридски” во Пештани се во завршна фаза. Како што информираат од локалната самоуправа, градежните активности кои почнаа во мај годинава се одвиваат согласно предвидената динамика.

Во тек е довршувањето на покривот,  а деновиве ќе продолжат и активностите за поставување на подот во новиот објект.

OhridNews