Во завршна фаза реконструкцијата на улицата „Абас Емин“.
Денеска започнаа финалните градежни активности за поставување на вториот асфaлтен слој на коловозот, на потегот од пресекот со улица „Охридска бригада“ до пресекот со улица „Железничка“.
Поставени се нови цевководи на фекалната, водоводната и атмосферската мрежа, извршено е преприклучување на сите домаќинства, извршено е соодветно тампонирање на подлогата на коловозот, поставени се два слоја асфалт во должина од 1100 метри, извршено е уредување на пешачките патеки, наскоро ќе започне поставување на вертикална и хоризонтална сигнализација, велат од општина Охрид.
Реконструкцијата на улицата траеше околу 13 месеци, а вредноста на вкупната инвестиција е 40 милиони денари.
OhridNews














