Во силните земјотреси што вчера ја погодија Албанија повредени се најмалку 105 лица. Во потресот, оштетени се 290 куќи, а на 20 станбени згради се појавиле пукнатини.

На владина седница одлучено е полицијата да биде во состојба на готовност за да ја контролира ситуацијата по земјотресите кои предизвикаа најголеми штети во Тирана и Драч.

По првите земјотреси со јачина од 5,8 и 5,3 степени според Рихтер, уште еден силен земјотрес го погоди подрачјето на Албанија околу полноќ, и тоа, со јачина од 5 степени со епицентар во близина на Драч, а потоа се почувствуваа и серија послаби земјотреси.