Вчера Турција и Грција ги погоди силен земјотрес со јачина од 7 степени по Рихтер. Според иунформациите на CNN во земјотресот загинаа најмалку 27 лица. Меѓу нив и двајца тинејџери на грчкиот остров Самос, врз кои се срушил ѕид додека се враќале од училиште.

Светските агенции јавуваат за над 800 повредени, но се стравува дека под урнатините има голем број лица.

Во 11.50 часот по локално време земјотрес го разбранува Егејското море. Подоцна биле регистрирани уште 80 помали потреси, а десет од нив биле со магнитуда 4.

Најпогоден од земјотресот е турскиот град Измир. Земјотресот бил почувствуват во Истанбул и Атина.

OhridNews