Според досега покажаниот интерес и бројот на извршени резервации за летување во Охрид и Струга, преку тур операторите Корендон и ТУИ, во Холандија, Белгија и Луксембург се очекува годинава да бидат продадени над 12.000 аранжмани.

–    Задоволни сме од бројот на резервации кои пристигнуваат во зимскиот период. Досега се пополнети над половина од гарантираниот број закупени легла, велат од ХОТАМ.

Како што оттаму информираат, според последните информации, досега се продадени над осум илјади аранжмани преку двата оператори.

Во екот на туристичката сезона на охридскиот аеродром се очекува да слетуваат и до осум чартер летови, од кои четири на „Корендон“ – по два од Амстердам и Ајндховен, како и четири на „ТУИ“, од кои два од Холандија и два од Белгија.

OhridNews