Во јуни просечната месечна исплатена нето-плата изнесува 45 468 денари
22.08.25 13:36
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2025 година, изнесува 45 468 денари, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).
Во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 8.4 %. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование за 14.7 %, Дејности на здравствена и социјална заштита за 12.7 % и Рударство и вадење на камен за 12.2 %, посочуваат од ДЗС.
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, додаваат, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 7.5 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 4.3% и Транспорт и складирање за 2.1 %.
Од ноќеска на полноќ дизел горивата поскапуваат за еден денар по литар, а цената на бензините се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и усл...
Македонската национална асоцијација за дојдовен туризам (НАИТМ) во период од 28-30 октомври, во Копенхаген, Данска и Стокхолм, Шведска, ќе реализира интензивни промотивни активности за претставувањ...
СЕПА како двигател на интеграцијата во ЕУ ќе биде главна тема на 16 Конференцијата за плаќања и пазарна инфраструктура што утре и задутре ќе се одржува во Охрид во организација на Народната банка н...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.