По долготрајната суша, водата се врати во Студенчишкото блато, а со неа и животот во овој значаен и нераскинлив дел од еко системот на Охридското Езеро. Тука пред човекот со повеќе интервенции да го прекине природниот спој со езерото се мрестел крапот, а ова подрачје е дом на бројни ендемски видови флора и фауна, кои се на раб на исчезнување. Иако промените се случуваат на очиглед на сите, науката и надлежните институции немо го набљудуваат процесот на исчезнување на ова ретко природно богатство, кое одамна е на мета на локалните моќници. Додека институциите молчеа, OhridNews пред околу 4 години предупреди на деградационите процеси во Студенчишкото блато, каде изградивме мало катче каде блатната вегетација за кусо време повторно почна да расте.
Водата го врати животот во Студенчишкото блато