
Во Македонија питката вода ја има во доволни количини, но таа не е рамнномерно распределена. Повеќе ја има во западна Македонија, но негрижата на човекот, се поголемото загадување на животната средина и неконтролираното искористување се сериозна закана за водните ресурси во земјата предупредуваат лимнолозите. Квалитетот на водите ја отсликува општата состојба во Македонија и за жал загрижува колку луѓето сеуште не се свесни за нивниот “придонес“ за таквата состојба, вели во изјава за Ohridnews, Трајче Наумоски од македонското лимнолошко друштво. „Загрозени се сите води, дури и оние што не ги гледаме, подземните води, бидејќи многу малку се води грижа за и покрај тоа што во Македонија веќе 3-4 децении постојат закони за заштита на вода факт е дека тие не се почитуваат“, вели Наумоски.
Состојбата со питка вода во охридско е добра вели Сашо Точко од Заводот за здравствена заштита Охрид. Квалитетот на водата за пиење од градскиот водовод е на високо ниво и ги задоволува сите безбедносни критериуми пропишани со закон, вели Точко. За разлика од градот, состојбата со водата за пиење во селата со сопствен водовод е лоша. Во најголем дел, од дури 90% во водата во селските водоводи недостасува дезинфекционо средство што претствува опасност за развој на бактериски инфекции, појаснува Точко.

По повод светскиот ден на водите, денеска на градскиот плоштад Црвениот крст Охрид ќе го презентиран тимот за вода и санитацијата и дел од опремата-лабораторијата за пречистување на вода која тимот ја користеше во хуманитарната мисија во Индонезија во 2005 г.
ohridnews












