Водата од Охридското Езеро, е од прва и втора класа, може да се користи за капење и рекреација и спортови на вода и е во согласност со Уредбата за класификација на водотеците, езерата, акумулациите и подземните води, која произлегува од Законот за води, соопшти Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) при Министерството за здравство.
Оттаму информираат дека центрите за јавно здравје вршат редовни испитувања на површинските води од природните езера, акумулациите и водотеците.
Анализи се извршени и на Преспанското и Дојранското Езеро, каде исто така водата е висока прва и втора класа, а во согласност со Уредбата е и водата од Дебарско Eзеро, езерото Младост и од Мавровско Eзеро.











