Откако проблемот го актуелзираa медиумите жителите од охридското село Подмоље добија вода за пиење. Во текот на денешниот ден вода со повремени прекини има и во долниот и во горниот дел од населбата каде претходно три недели од чешмите ниту капка не капела. Дополнително јавното претпријатие за водоснабдување од општина Дебрца ангажоирало цистерни за дотур на вода, најавувајќи дека тоа ќе го прави се додека не биде надминат проблемот, кој според мештаните и сопствениците на викенд куќи се должи на нерационалната распределба на водата од локалниот водовод кој тие го изградиле за свои потреби на почетокот од 80-те години на минатиот век.

-Од ова село дадено е вода на Горенци, Требеништа, на аеродромот Охрид и на училиштето „Јахја Кемал“. – изјави Јордан Блажески, сопственик на куќа во Подмоље.

На средбата со одговорните во јавното претпријатие за водоснабдување во Дебрца жителите на Подмоље добиле уверување дека наскоро проблемот долгорочно ќе биде решен со ископ на нови бунари над селото.

Г.М.