Резултатите од последно спроведената анализа на 30 примероци на вода од Охридското езеро на потегот од Свети Наум до Радожда покажуваат дека станува збор за прва и втора класа вода, со исклучок на водата од Грашница, каде што Велгошка река се влева во Охридското езеро.

Освен Велгошка река од трета класа е и водата од  реките Коселска и Сатеска .


–    Од прва класа е и водата во базените во охридксите и струшките хотели, меѓу кои Макпетрол, Дрим, СРЦ Билјанини извори , хотел Гранит, Метропол- Белви, вила Дионис. Согласно тоа, тие може непречено да се користат за капење, спорт и рекреација, потенцира директорот на Центарот за јавно здравје, Атанаско Михаилов.

Со добар квалитет е и водата за пиење од градскиот водовод, како и од јавните  чешми, меѓу кои и Билјанини извори.

Од Центарот за јавно здравје сепак со предупредување да не се користи водата од Билјанини извори за пиење, поради честото менување на нејзиниот квалитет.


Температурата на водата во Охридското езеро, во крајбрежниот дел до 15 метри оддалеченост од брегот и до 1 метар длабочина, претпладне изнесува 26,5 степени.

Т.К.