Охридското Езеро се враќа во кондиција кога станува збор за количеството вода во басенот. Нивото на водата во езерото се наоѓа на 693,38 метри надморска височина достигнувајќи го просекот за јануари. Доколку се земе предвид исклучително неповолната хидролошка состојба и сушната есен со многу малку врнежи, ова е мошне добра ситуација.

 

И температурата на водата е во рамки на просекот за јануари, односно изнесува 7 степени целзиусови.

Инаку, на средината на ноември минатата година, нивото на езерото беше на минимално дозволената кота од 693,10 метри или 28 сантиметри пониско споредбено со моменталната состојба.

 

OhridNews