Забраната за употреба на вода за пиење во Струга продолжува, додека дозволена е да се користи како техничка, информираат надлежните.

Од Центарот за јавно здравје Охрид велат матноста е доста намалена и изнесува околу 1,70 од дозволени 1,5 NTU согласно добиените резулатите од денешните мостри земени од изворот „Шум“ и неколку мерни места во градот и селата.
Следните мостри ќе бидат земени во петок, за кога очекуваме намалување на матноста во дозволените вредности. Денеска препорачав дека може да се користи како техничка вода, а за пиење не ја препорачуваме иако е хлорирана и нема бактерии, вели доктор Лидија Симоноска, специјалист по хигиена и здравствена екологија во Центарот за јавно здравје Охрид.
Водата од градскиот водовод во Струга две недели беше забранета за секаква употреба откако се појави високо ниво на матност во изврите во „Шум“ од каде се снабдува градот и околните села со чиста вода за пиење.
Градоначалникот Менди Ќура посочи дека ископувањата направени околу изворите во „Шум“ се главна причина за матноста на водата, а ОЈО Струга информираше дека истражните органи затекнале работни машини на две правни лица од Велешта кои вршеле кршење, ископ и транспорт на карпи во поголем обем во непосредна близина на изворите, за што бил доставен предлог за определување мерки на претпазливост, односно забрани правните лица да ги посетуваат парцелите каде вршеле ископ и да преземаат какви било работни активности на подрачјето.
OhridNews












