Богојавленските празници свечено беа одбележани и во Мешеишта, охридско. Централната манифестација се одржа вчера, на празникот Водици, на која богослужеше отец Павел Крцоски. Тој во осветените води на реката Сатеска го фрли чесниот крст, а меѓу капачите кои се втурнаа во студените води најсреќен беше Јован Тупанчески, по потекло од Мешеишта, инаку жител на Охрид. Тој на подарок од црквата Св. Петар и Павел доби златен крст.

OhridNews