Чествувањето на големиот православен празник Богојавление-Водици 2014, ќе биде пренесувано во живо на интернет порталот OhridNews.

Преносот ќе биде реализиран во соработка со „Мега продукција“ од Охрид, а потпомогнат од веледрогеријата „Зегин“ и Здружението „Богојавление“.

Во рамките на преносот кој ќе започне во 9 часот, ќе бидат емитувани разговори, и на автентичен начин ќе биде пренесена празничната атмосфера од Охрид во целиот свет.

OhridNews