И покрај големиот број на капачи и гледачи присутни на градското пристаниште евидентирани се само две интервенции на мобилните пунктови на Црвениот Крст.
Поголеми нарушувања не регистрирал ниту Секторот за внатрешни работи. Оттаму информираат дека денешниот празник минува мирно, без регистрирани нарушувања на Јавниот ред и мир, и без случени сообраќајни незгоди.
Секторот за внатрешни работи Охрид, денес успешно реализира повеќе оперативни и превен- тивни мерки за безбедно одвивање на овој голем православен празник.
Претпладнево во СВР Охрид, од страна на три лица жители на Охрид, пријавени се три кривични дела ,, тешка кражба,,. Со навремена и брза реакција, полициските службеници приведоа едно лице од Прилеп во моментот на извршувањето на тешката кражба. Се работи за кражби на пари и златни предмети од три стана. Кај приведениот, пронајден е комплетниот алат и прибор со кој биле обивани влезните врати.Во услови кога празникот го прославуваа повеке илјади верници и други гости од земјава и странство, целта на активностите беше одржување на стабилна безбедносна состојба и безбедно одвивање на предвидените организациски активности за достојна прослава на овој значаен духовно-верски чин. Мерките, пред се имаа превентивен карактер со цел елиминирање на можностите за нарушување на јавниот ред и мир, за нормално одвивање на сообраќајот и елиминирање на можностите за вршење на инкриминирани дејствија од страна на поединци.
СВР Охрид, работи на целосно расветлување на кривичните дела.