После осветувањето на водите во Охридското Езеро, голема група граѓани присуствуваа на традиционланото фрлање на светиот крст на градската плажа во Воска.
Околу 50-тина капачи, во 12 часот запливаа во студените езерски води по фрлениот крст. Најсреќен и највешт беше Ѓорѓи Здравески од „Горна Влашка Маала“, кој после излегувањето од водата беше даруван од присутните од православна и муслиманска вероисповест.
Оваа година, на настанот беа присутни повеќе граѓани од речиси сите градски региони, кои со греана ракија и богата трпеза го прославуваа фрлањето на крстот во населбата Воска.
OhridNews