Водните алги во Охридското езеро годинава расцветаа во март, иако тоа вообичаено се случува во текот на месеците јуни или јули.

Стручните лица објаснуваат дека причина за ваквата појава е наглото затоплување на времето, како и намаленото ниво на водата во езерото.


– Нивото на водата во плиткиот дел е на пониско ниво за разлика од минатите години, па така со покачувањето на температурата на воздухот, за кратко време се зголеми и температурата на водата во овој дел од езерото. Како резултат на тоа дојде и до расцветување на алгите порано од вообичаениот период во кој тоа се случува, објаснуваат тие.

OhridNews