Водостојот на Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693,37 метри надморска височина, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Тој е 3 сантиметри над просекот за септември утврден на 693,34 метри надморска височина или 27 сантиметри над дозволениот минимум (693,10).

Неделната анализа покажува опаѓање на нивото за сантиметар мерено од првиот ден во анализираната недела (693,38 м.н.в.) до денешните измерени.

OhridNews