Нивото на Охридското Езеро денес е еден сантиметар под просекот за август и на исто ниво со вчершните мерења.

Нивото на езерото денес е на кота од 693,45 м.н.в, што е за еден сантиметар под просекот за август кој изнесува 693,46 м.н.в. Според овие мерења нивото е, исто така, 35 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в), покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија.

Температурата на водата е во рамки на просекот за август и изнесува 23,5 степени.

Нивото, пак, на Преспанското Езеро е за еден сантиметар пониско од вчера, додека кај Дојранското Езеро нема промени споредбено со вчера. Водостоите на сите три езера се пониски од августовскиот просек.

И состојбата на реките е без поголеми промени. Не се измерени значителни отстапувања на водостоите во однос на вчерашниот ден

OhridNews