За еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското Езеро во споредба со мерењата од вчерашниот ден, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера.

Водостојот на Охридското Езеро е 693,38 (м.н.в.) односно е на нивото за просекот за јануари. Со тоа нивото на Охридското Езеро е 21 сантиметар над минималната кота утврдена со Билатералниот договор со Албанија (693,17 м.н.в.), односно 28 сантиметри над природниот минимум (693,10 м.н.в.), согласно резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Температурата на езерото е за еден степен над просекот односно 8 степени, додека просекот за месец јануари е 7 степени.

Согласно резултатите водостојот на Преспанското е за 1,56 метри понизок од просечниот и е три сантиметри под апсолутниот минимум 842,25 (мнм), додека на Дојранското Езеро е за 2,95 метри повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината.

Повисоко од просечното е и нивото на повеќето реки во земјава и има благо зголемување или намалување во споредба со вчера.

OhridNews