За два сантиметра е зголемен водостојот на Охридското Езеро споредбено со вчерашните мерења, но сепак е под просекот за февруари според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Водостојот на Охридското Езеро е за 14 сантиметри понизок од повеќегодишниот просек за февруари и изнесува 693.35 м.н.в. Нивото на езерото со тоа е 18 сантиметри над минималната кота утврдена со Билатералниот договор со Албанија (693,17 м.н.в.), односно 25 сантиметри над природниот минимум (693,10 м.н.в.), според податоците.

Температурата на езерото е 7 степени, што е за пола степен над просекот за февруари од 6.5 степени.

Водостоите кај најголем дел од реките се пониски од просечните и бележат благо зголемување или намалување во споредба со вчера. Единствено нивото на реката Сатеска, на мерното место кај Ботун, е речиси три пати повисоко од вчера, но сепак е скоро двојно пониско од повеќегодишниот просек за овој период од годината.

OhridNews