Водостојот на Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693,47 метри надморска височина, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Тој е 13 сантиметри над просекот за септември утврден на 693,34 метри надморска височина или 37 сантиметри над дозволениот минимум (693,10).

Неделната анализа покажува опаѓање на нивото за 2 сантиметри мерено од првиот ден во анализираната недела (693,49 м.н.в.) до денешните измерени.

OhridNews