Водостојот на Охридско Езеро еден сантиметар над просекот за јануари
02.01.26 12:00
Водостојот на Охридско Езеро е еден сантиметар над просекот за јануари покажуваат денешните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).
Според мерењата нивото е на кота од 693.36 метри надморска височина, а просекот за јануари изнесува 693.35 м.н.в. Нивото на езерото денес е 26 сантиметри над природниот минимум (693.10 м.н.в) и 19 сантиметри над минималната кота утврдена со Билатералниот договор со Албанија (693.17 м.н.в).
Температурата на водата денес е 8,5 степени што е над просекот за месецов (6,8).
Мирен граѓански протест против фемицидите, родово базираното и семејното насилство е најавен за денес од 12 до 14 часот во Охрид Од „Охрид не молчит“ посочуваат дека целта е да се испрати јасна по...
Во раните утрински часови претежно во западните делови ќе има повремен дожд Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните дел...
ЈП Водовод – Охрид ги известува корисниците дека поради зголемени вредности на матност, настанати како последица на дефект на водоводната линија, се забранува употребата на водата за пиење во и око...