Р.Е.Водовод Охрид отпочна активности за изградба на нова водоводна линија во населба Болнички комплекс односно поврзување на дел од улицата „Сирма Војвода“ со улица „Момчило Јорданоски“.
Новата водоводна линија ќе биде со профил фи160 и вкупна должина од 260м.
Изградбата на новата водоводна линија е само почеток на реализација на планираните активности согласно програмата за работа за 2014г. на Р.Е.Водовод Охрид која е усогласена со Локалната самоуправа и буџетот на Општина Охрид, се со цел корисниците да добијат подобро и поквалитетно водоснабдување, информираат од јавното претпријатие.
OhridNews