На третата контролна точка кај Градиште по 2 часа 41 минута и 38 секунди од почетокот на 38. издание на Охридскиот пливачки маратон водство на маратонецот Матиас Дијас Хернандес од Аргентина. Во група пливаат шест пливачи. Втор е италијанецот Матео Фурлан, додека трет нашиот Петар Цеков.

По 1 час 20 минути 37 секунди од стартот маратонците стигнаа до втората контролна точка кај Св. Богородица Захумска каде водството го имаше нашиот маратонец Петар Цеков.
До првата точка кај Љубаништа по околу 43 минути и 27 секунди од означување на стартот групата ја предводеше нашиот Александар Илиевски.
Првите пливачи на целта на Градското пристаниште се очекува да пристигнат околу 16 часот.
Н.С.Ј.
фото. А. Момироска











