Магазинот Вог го смести Охрид помеѓу шесте дестинации на Балканот кои треба да ги посетат туристите.

Природните убавебнини и културното наследство на градот под заштита на УНЕСКО, прекрасното езеро и планината Галичица се туристичките адут на Охрид.

На туристите им се препорачуваат панорамски прошетки по Галичица, ноќни тури по езерото и вкусните национални специјалитети во охридските ресторани и хотели.

Покрај Охрид Вог на Балканот уште ги препорачува Призрен на Косово, Белград – Србија, Трансилванија во Романија, Химара во Албанија и Херцеговскиот регион во БиХ.

OhridNews
фото: Јетон Назифи